П: Колку алкохол можам да понесам со себе при влез во Република Македонија без плаќање на царински давачки?
О:
При влез во Република Македонија имате право без плаќање на царински давачки и ДДВ да внесете
- дестилирани и жестоки алкохолни пијалоци со процент на алкохол над 22%: 1 литар или
- дестилирани и алкохолни пијалоци и аперитиви со винска или алкохолна основа со процент на алкохол што не надминува 22%: 2 литри и
- вино: 2 литри
Ослободувањата за преработки од тутун и алкохол и алкохолни пијалоци не важат за патници помлади од 18 години.