Акцизни добра кои се подлежни на плаќање на акцизa на акцизното подрачје на Република Северна Македонија се:

  • алкохол и алкохолни пијалaци;
  • тутунски производи и
  • енергенти и електрична енергија.

Тука да се овозможи со кликање на производот редирекција кон табовите за посебните одредби за секоја група акцизни добра, движење и гаранции

Овие производи се подлежни на акциза со нивното производство или со нивниот увоз на акцизното подрачје и со нивното внесување  на акцизното подрачје.

Царинската управа е единствен надлежен орган за администрирање на акцизите на целото акцизно подрачје, како и за спроведување контроли над имателите на акцизни дозволи и одобренија за повластен корисник, како и над учесниците во трговски операции кои вклучуваат промет со акцизни добра.

Законот за акцизи и подзаконските прописи се објавени на следниов линк (тука да се направи редирекција на http://carina.mk/index.php/mk/za-nas-mk/carinska-regulativa/zakon-za-akcizite-mk

Настанување на акцизата

Акциза настанува во моментот на пуштање на акцизните добра во промет на акцизното подрачје и тоа:

  • секое напуштање на акцизното добро од постапката на акцизно одложување, вклучувајќи и незаконско напуштање;
  • секое чување на акцизно добро надвор од постапка на акцизно одложување и за кое нема увид или евиденција дека е платена акцизата или кога акцизното добро е набавено на незаконски начин;
  • секое производство на акцизно добро, вклучувајќи и незаконско производство, надвор од постапка на акцизно одложување и
  • секој увоз на акцизно добро, вклучувајќи и незаконски увоз, доколку акцизното добро веднаш по увозот не е ставено во постапка на акцизно одложување.

Акцизен обврзник

Акцизен обврзник е лицето кое има обврска да плати акциза во случаите на:

  • пуштање на акцизните добра од постапка на акцизно одложување:
  • чување на акцизни добра:
    • производство на акцизни добра:
  • увоз на акцизни добра:
  • користење на акцизните добра спротивно на целта за која е издадено одобрението за повластен корисник на акцизни добра
  • губење или кусок на акцизни добра акцизен обврзник во случаите кога не може да се докаже дека губењето или кусокот е непосредно поврзано со природата на акцизното добро или настанале како резултат на непредвидливи околности или виша сила;
  • зголемување на акцизата
  • зголемување на акцизата и/или зголемување на малопродажната цена на тутунските производи и
  • зголемување на акцизата на енергентите и електричната енергија

Доколку повеќе лица се одговорни за плаќање на акцизата, за плаќањето одговараат солидарно.

Акцизниот обврзник кој има намера да врши дејност поврзана со акцизни добра се регистрира во електронски Регистар на акцизни обврзници, кој се води од страна на Царинската управа.

Царинската управа ги води следните електронски регистри: