Сакам да порачам сет ножеви за фрлање од 12 парчиња, целосна должина на секое парче е 15 сантиметри, фиксирано сечило за рачка, нема никаков механизам за отварање. Должината на сечилото е 6,75 сантиметри. Цената на сетот изнесува 26,5 долари со вклучена испорака , односно 19,2 евра. Дали ми треба некоја дозвола за да ги внесам? Колку би чинела царината и ДДВ за нивно подигање?
О: Согласно Законот за оружје на Република Македонија, за оружје се смета: огнено оружје, колекционерско оружје, оружје за самозаштита, пневматско оружје, гасно оружје, ладно оружје и др. додека за оружје во смисла на овој закон не се смета: декоративно оружје, имитација на оружје, оружје што е трајно онеспособено за употреба и др.
Одобрение (согласност) за увоз на оружје издава Министерството за внатрешни работи. За подетални информации Ве молиме контактирајте со надлежното министерство – Министерство за внатрешни работи. Пратки со вредност до 22 ЕУР се ослободени од плаќање на царински давачки и ДДВ.