П: Колку девизи може по човек да се внесе во Македонија?
О: Резиденти можат слободно да внесат ефективни странски пари во износ до 10.000 евра и 120.000 денари по лице. Доколку се внесуваат ефективни странски пари над 10.000 евра, тие се задолжени истите да ги пријават на царинскиот орган. Нерезидентите можат слободно да внесат ефективни странски пари во износ до 10.000 евра и до 120.000 денари по лице. Доколку се внесуваат ефективни странски пари над 10.000 евра, тие се должни истите да ги пријават на царинскиот орган, кој за тоа издава писмена потврда.