П: Дали возило во сопственост на странска компанија која има подружница во Република Македонија може да биде управувано на територија на Р. Македонија и во странство од страна на вработените во подружницата во Р. Македонија кои се македонски државјани?
О: Согласно одредбите на член 373 од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон целосно ослободување од увозни давачи се дава кога транспортните средства комерцијално или приватно ги употребува физичко лице со живеалиште или одобрен престој на царинското подрачје, кое е вработено од сопственикот на транспортните средства со седиште надвор од царинско подрачје или на друг начин овластен од сопственикот. Ваката употреба треба да биде предвидена со договорот за вработување. Исто така е предвидено дека царинскиот орган може да го ограничи привремениот увоз на транспортни средства согласно оваа одредба во случај на повеќекратна (систематска) употреба.За да можат на овој начин да се користат транспортните средстава истите треба привремено да се регистрираат во царинското подрачје на Република Македонија за повторен извоз во име на лице со седиште надвор од царинското подрачје.