П: Ако нарачам производ кој чини 34,88 долари дали ке платам ДДВ и царина и колку се?
О: Сите поштенски пратки кои содржат стока, а кои се испратени од странство од страна на правни лица, како и сите пратки кои се предмет на купопродажба, подлежат на пресметка на царински давачки и ДДВ, независно дали служат за лична употреба на примачот. При тоа од плаќање на царински давачки се ослободуваат пратките чија што вредност не надминува 45 ЕУР, а од плаќање ДДВ се ослободуваат пратките чија што вредност не надминува 22 ЕУР, што значи дека за пратките со вредност до 45 ЕУР се плаќа само ДДВ.