П: Како физичко лице купив целосна лимарска работилница и стари предмети (поседувам ф-ра) па сакам да ги донесам во Македонија. Се работи за неколку рачни машини, разен ситен алат и ресто материјал и малку готови производи кои им останале непродадени. Ме интересира дали ми е потребна некаква документација или само на граница да пријавам што носам па тие ќе ми определат што треба да платам или сторам понатаму.
О: Бидејќи се работи за стока од трговски карактер и стока која е наменета за вршење на дејност, потребно е уште во Србија да се подготват извозни документи: фактура, товарен лист, купопродажен договор и слично, потоа извозна царинска декларација која ја подготвува и поднесува кај царинскиот орган овластен застапник (шпедитер). Исто и во Македонија, потребни се истите документи за спроведување на увозно царинење. Исто така и возилото во кое ќе се превезува стоката треба да ги исполнува критериумите за транспорт на стока преку граница (можност за пломбирање).
За да можете да ја увезете наведената стока во Република Македонија, потребно е да бидете регистриран за вршење дејност најмалку како трговец поединец, значи не може стоката да ја увезете ниту да ја купите како физичко лице.