Република Македонија е член на Светска царинска организација - (формирана како Советот за царинска соработка), основана во 1952 година во Брисел, Белгија, од 1 јули 1994 година и активно учествува во нејзината работа. Основна цел на оваа организација, во која денеска членуваат 180 држави од целиот свет, односно нивните царински служби, е постигнување на највисоко ниво на хармонизација и еднообразност на царинските системи, проучување на проблемите на кои се наидува во развојот и подобрувањето на царинските техники и царинското законодавство.

Преку оваа организација Земјите членки ја унапредуваат својата царинска соработка во интерес на промовирање на меѓународната трговија. Една од основните функции на Советот е давањето на препораки за обезбедување на еднообразност во толкувањето и примената на одредени конвенции склучени под негово покровителство. Под нејзино покровителство се донесени 12 меѓународни конвенции и значителен број на препораки.