Живи животни

За внесување/изнесување на живи животни, домашни миленичиња и производи од животинско и растително потекло, потребни се законски пропишани дозволи/ одобренија.


Домашни миленици

За секој домашен миленик кој се пренесува преку граничен премин на Република Македонија, сопственикот или одговорното лице, треба да поседува соодветна документација за идентификација, односно:

  • Ветеринарно-здравствен сертификат издаден од официјален ветеринар од земјата на испорака
  • Пасош издаден од официјален ветеринар од земјата на испорака, кој е задолжителен за сите видови кучиња, мачиња и ласици, или
  • Изјава, издадена од сопственикот или одговорното лице, која е задолжителна за сите видови птици, под услов да доаѓаат од земја која е членка на Меѓународната организација за здравствена заштита на животните (ОIE).

Царинскиот орган дозволува увоз во Република Македонија на домашни миленици кои не се наменети за трговија, без разлика на бројот на единките, доколку Управата за ветеринарство по претходно извршена проверка и преглед на граничниот премин издаде согласност за увоз, односно ветеринарен влезен документ ВВД.


Производи од животинско потекло

Поради ризик патниците да внесат болест во Република Македонија, сите пратки месо, производи од месо, млеко и производи од млеко, наменети за лична употреба се забранети за внес во Република Македонија, со исклучок на одредени стоки согласно Правилникот за начинот на вршење на проверка и преглед на граничен премин на пратки од животинско потекло кои се внесени како личен багаж на патниците и се наменети за лична употреба или некомерцијални цели. Исклучоците се наведени во Прилог 4 од правилникот

Кога наведените производи подлежат на обврската да се изврши задолжителен преглед, патниците потребно е да се упатат на спроведување на преглед кај граничен ветеринарен инспектор на граничниот премин доколку постои. Во спротивно патникот се пренасочува на граничен премин каде што постои соодветната инспекција, а само во воздушен сообраќај може да се прифати отстапување на стока во корист на државата врз основа на писмена изјава. Кога надлежниот граничен ветеринарен инспектор ќе ја оспори исправноста на производите од животинско потекло, истиот превзема соодветни мерки согласно Законот за ветеринарство.

Правилник за начинот на вршење на проверка и преглед на граничен премин на пратки од животинско потекло кои се внесени како личен багаж на патниците и се наменети за лична употреба или некомерцијални цели

Правилник за изменување на правилникот за начинот на вршење на проверка и преглед на граничен премин на пратки од животинско потекло кои се внесени како личен багаж на патниците и се наменети за лична употреба или некомерцијални цели