Согласно позитивната законска регулатива постојат одредени правила и ограничувања во патнички промет кои се однесуваат на патниците при премин на граничен премин.
Повеќе информации за тоа која стока не се пријавува и не подлежи на плаќање увозни давачки, ограничувања поврзани со внесување и изнесување на ефективни странски пари како и за тоа кои законски пропишани дозволи и одобренија ви се потребни за внесување/изнесување на живи животни, производи од животинско и растително потекло ќе најдете подолу.
Кога патувате во странство, за правилата и ограничувањата кои се однесуваат на земјата која ќе ја посетите, ве советуваме да се информирате на официјалната интернет страница на царинската администрација на таа земјата.
Упатството за спроведување на царински постапки во патнички промет
Mакедонските и странските државјани се ослободени од плаќање на увозни давачки (царина, ДДВ и акциза) за:
Резидентите можат слободно да внесуваат во Република Македонија ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра.
Резидентите можат слободно да изнесуваат од Република Македонија ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 2.000 евра.
За подетални информации за други акцизни добра, дадени се линковите за споменатите веб страни.
За внесување/изнесување на живи животни, домашни миленичиња и производи од животинско и растително потекло, потребни се законски пропишани дозволи/ одобренија.
При увоз на растенија, цвеќиња, овошје и зеленчук во царинското подрачје на Република Македонија, задолжително да се поседува одобрение издадено од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - фитосанитарна управа.
За внесување на лекови во Р.Македонија потребно е посебно одобрение издадено од Агенцијата за лекови и медицински средства.
Оружје се смета секој предмет направен под притисок на експлозивни материи гас или компримиран воздух или на друг погон да исфрла зрно, кугла, сачма или друг проектил, гас,течност или друга супстанција, што може да предизвика опасност по животот или здравјето на луѓето, како и други предмети, чија основна намена е вршење напад, лов и спортско стрелаштво.
Внесување и изнесување на загрозени животни и растенија и нивни производи во/од територијата на Република Mакедонија, според CITES, (Конвенција за меѓународна трговија со загрозени видови на дивата флора и фауна) е строго забрането со закон.
Културно наследство се материјални и нематеријални добра кои што, како израз или сведоштво на човековото творештво во минатото и сегашноста или како заеднички дела на човекот и природата, поради своите археолошки, етнолошки, историски, уметнички, архитектонски, урбанистички, амбиентални, технички, социолошки и други научни или културни вредности, својства, содржини или функции, имаат културно и историско значење и заради нивната заштита и користење се наоѓаат под правен режим.