Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама, еден обид за нелегално преминување на државната граница и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златен накит, девизи, облека, парфеми, цигари, маслиново масло, автоделови, техничка стокаи фалсификати.

Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) на Амбасадата на САД во Република Македонија на Царинската управа ѝ врачи опрема во вредност од 8.918 американски долари - 7 пејџери за откривање на радијација, наменетa за спречување на незаконско тргување со стоки.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани рачни часовници, алкохолни пијалоци, цигари, тутун, автоделови, мобилни телефони, телевизор, облека, козметички средства, опрема за алпинизам и фалсификати.

Директорката на Царинската управа на Република Македонијаприсуствуваше на 127-та/128-та седница на Советот за царинска соработка што се одржа од 14 до 16 јули 2016 година во Брисел.

На 16.06.2016 година во Поградец, Република Албанија се одржа билатерална средба помеѓу Царинските управи на Република Македонија и Република Албанија.

Царинската управа на Република Македонија, во период на летни одмори и голема фреквенција на патници на граничните премини, на повеќе начини ги информира патниците кои влегуваат, излегуваат или транзитираат низ Република Македонија за нивните права и обврски, со цел овозможување на брза, безбедна и лесна царинска контрола.

Потсетување на патниците за нивните права и обврски при пренос на пари од царински аспект