- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 524
Денес, на граничниот премин Табановце-Прешево, претставници на Царинска управа учествуваа на состанок организиран како дел од заедничките активности на Стопанските комори од Северна Македонија и Република Србија во рамки на иницијативата Отворен Балкан.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 508
Денес, во Скопје се одржа завршна церемонија за еднонеделната обука под покровителство на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД, наменета за надградба на знаењата и вештините на царинските службеници во борбата против ширење и спречување на недозволена трговија.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1217
Царинската управа ги информира економските оператори дека поставена табла за користење на приоритетна лента во рамките на иницијативата Отворен Балкан, е наменета за:
- иматели на одобренија за Овластен Економски Оператор (ОЕО) од Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија,
Линк ПДФ за преземање на сликата ОЕО
- економски оператори (увозници, извозници, транспоретри, шпедитери) од Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија кои учествуваат во меѓусебната трговијата, осносно учествуваат во увозните, извозните и транзитни постпки помеѓу трите земји.
- зелени коридори за стока од ЦЕФТА приоритетната листа
Линк ПДФ за преземање на сликата Open Balkan и Green Lane CEFTA
Приоритетен премин на возилата што пренесуваат овој вид на стока се обезбедува со обележување во возилото, во зависност од категоријата која се применува.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 418
Денес, во просториите на Царинската управа се оствари протоколарна средба со амбасадорот на Репулика Бугарија Н.Е. Ангел Ангелов.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 684
Директорката на Царинската управа на Република Северна Македонија, м-р Славица Кутиров вчера и денес учествува на седмиот неформален регионален состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан што се одржува во Будва, Црна Гора.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 664
Почитувани кандидати,
Царинската управа Ве известува дека на ден 31.03.2022 година со почеток во 13:30 часот, во просторијата број 1 на “Европскиот универзитет“- Скопје кој се наоѓа на бул. „Св.Климент Охридски“ број 68 (на трети кат), ќе се спроведе полагање на стручен испит за вториот дел од испитот –студија на случајот со кој се проверува способноста за примена на царинските прописи во практиката, за кандидати кои го положиле првиот дел (теоретски дел).
Список на кандидати кои ќе го полагаат вториот дел од стручниот испит (студија на случај) се:
р.б | Презиме и име | Време на полагање | локација |
1. | ЈОВАНОВА ВАЛЕРИЈА | 13:30 | Просторија 1 |
2. | ГАВРОСКИ НИНОСЛАВ | 13:30 | Просторија 1 |
3. | АНГЕЛЕСКА ЕЛЕНА | 13:30 | Просторија 1 |
4. | ВАСИЛЕВСКИ ТОМИСЛАВ | 13:30 | Просторија 1 |
5. | ПЕТРУШЕВСКА АНГЕЛА | 13:30 | Просторија 1 |
6. | САСАНСКА БИЛЈАНА | 13:30 | Просторија 1 |
- Со ова известување ги повикуваме и оние кандидати кои порано го имаат положено првиот дел од испитот и не се наоѓаат на објавениов список, а до сега не го полагале вториот дел од испитот, да во рок од 3 дена од денот на објавување на ова известување да се пријават на е-меил адреса кај:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и кај Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., за да може да бидат пријавени за полагање на втор дел од испитот.
Сите кандидати кои се наоѓаат на списокот за полагање задолжително да понесат лична карта заради утврдување на идентитетот.
Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Европски универзитет Скопје), 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.
Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:
Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.
Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.
Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 633
На граничниот премин Табановце, на влез во Северна Македонија, Царинската управа на Северна Македонија ја постави првата табла за Зелена лента за Отворен Балкан што е еден од првите проекти на иницијативата кои даваат конкретен и видлив резултат за побрз проток на стоки, услуги, луѓе и капитал.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 625
Претставниците на царинските управи на Грција, Северна Македонија и Србија денеска имаа средба на која разговараа за потенцијалот на SEED –клучниот систем за имплементирање на зелените коридори.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 683
Денес во Охрид започна тродневната Регионална конференција за подобрување на безбедноста на границите во организација на Мисијата на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка за Европа) и УНОДЦ (Канцеларија за борба против криминал и дрога при Обединетите Нации), на која учествуваат директори и високи претставници на Царините и граничните власти на земјите од Западен Балкан, како и високи претставници од царинските и полициските служби од Република Грција.