- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 451
Денес и утре во Скопје се одржува Работилница за сигурносните и безбедносните аспекти на имплементација на програмата за Овластен економски оператор во ЦЕФТА, во рамки на програмата на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата (EDGE), со поддршка од германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, преку Проектот за поддршка на регионалната економска интеграција. На работилницата присуствуваа високи претставници на Царинската управа, УСАИД мисијата во Скопје, ГИЗ и експерт за царини од САД, како и претставници од царините од сите земји членки на ЦЕФТА.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 402
Мобилните царински тимови во соработка со Министерството за внатрешни работи спречија обид за криумчарење на наркотични средства.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 400
Директорката на Царинската управа Славица Кутиров и помошник-дирекорот за меѓународна соработка Златко Ветеровски, учествуваат на годишното генерално собрание на Светската царинска организација (СЦО), што се одржува од 23 до 25 јуни 2022 година, во Брисел - Белгија. На собранието се дискутираат клучните теми во доменот на глобалната царинската соработка, како и прашања кои се од суштинска важност за хармонизација на царинското работење во светот, а учествуваат директори на царинските управи од 183 земји или територии. Овогодишното собрание е јубилејно, како одбележување на 70 годишнината од формирањето на Светската царинска организација. По тој повод, покрај обраќањето на генералниот секретар Кунио Микурија, обраќање имаат и Принцезата Астрид од Белгија и заменик претседателот на Владата на Белгија и Министер за финансии Винсент Ван Петегем.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 539
Директорката на Царинската управа вчера оствари работна средба со претставници од канцеларијата на УСАИД од Вашингтон и канцеларијата за Економски развој, управување и раст на претпријатијата - EDGE на УСАИД во Скопје. На состанокот се дискутираше за придобивките од досегашната успешна соработка и можни идни заеднички проекти.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 572
Денес директорките на Царинската управа – Славица Кутиров, на Централен регистар - Марија Бошковска Јанковски и на Управата за јавни приходи – Сања Лукаревска, потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка, со цел успешно спроведување на проектните активности за реализација на Проектот - Надградба на Едношалтерскиот систем.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 449
Директорката на Царинската управа денес во Охрид присуствуваше на централниот настан на самитот „Отворен Балкан“ – иницијатива за соработка помеѓу Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија, која е препознаена од граѓаните, компаниите и институциите, како концепт со видливи конкретни резултати.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 439
Директорката на Царинската управа Славица Кутиров, учествуваше на работниот состанок за имплементација на Договорот за соработка во областа на ветеринарната, фитосанитарната и безбедноста на храната и животните, кој се одржа вчера во Охрид, во рамки на дводневниот самит на Отворен Балкан.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 469
Минатата недела во Белград, претставници на Царинската управа на Република Северна Македонија учествуваа на регионален состанок на земјите членки на ЦЕФТА, во организација на Цефта Секретаријатот и Германското друштвото за меѓународна соработка GIZ (Deutsche Gesellschaft fürInternationale Zusammenarbeit GmbH).
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 448
Вчера во Скопје се одржа настан со цел презентирање на придобивките и постигнатите досегашни резултати од твининг проектот, на кој поздравно обраќање имаа амбасадорот на Република Хрватска-Нивес Тигањ, и амбасадорот на Република Австрија-Георг Вуцас, раководител на Одделот за соработка при Делегацијата на Европската Унија-Штефен Худолин, и заменик министерот за финансии-Филип Николоски.
Преку панел дискусија помеѓу директорите на Царинските управи на Република Северна Македонија – Славица Кутиров и Хрватска – Марио Демировиќ, директорката на Управата за јавни приходи - Сања Лукаревска, регионалниот директор на даночна управа на Австрија - Лорант Бакс, и заменик директорот на Царинската управа на Австрија - Андреа Ројтер, беа истакнати придобивките за институциите од проектот.
Подобрување и примена на даночното и царинското законодавство во согласност со законодавството на Европската Унија и најдобрите практики, е главната цел на овој проект финансиран од Европската Унија, имплементиран од царинските и даночните управи на Австрија и Хрватска.
„Овој проект ги обедини напорите на Министерството за финансии и двете главни институции за наплата на приходите: Царинската управа и Управата за јавни приходи како корисници, заеднички да ги дефинираат нивните потреби, да ги идентификуваат полињата на интервенција и преку постојаната комуникација и соработка успешно ги спроведуваат активностите. До денес, 426 учесници од Царинската управа учествуваа во вкупно 48 работилници, во кои имаа можност да добијат помош од бројни истакнати експерти од ЕУ за реализација на Акциониот план на Царинската управа: подготовка на ИКТ стратегија и акциски план вклучувајќи ги главните проекти за дигитализација, понатамошно усогласување на царинското и акцизното законодавство со ЕУ, подготовка на процедури за царинска контрола и управување со ризик, подготовка на технички спецификации за важни системи на ЕУ, имплементација на стандарди за загадување и оданочување на моторни возила, како и унапредување на управувањето со јавните финансии“ – истакна директорката Кутиров.
Соработката продолжува и во следниот период, во насока на развој во сите аспекти на царинското работење.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 339
Денес директорката на Царинската управа Славица Кутиров, оствари средба со директорот на Царинската управа на Република Хрватска Марио Демировиќ, на која се дискутираше за продолжување и интензивирање на меѓусебната соработка, преку размена на искуства во повеќе актуелни области и теми од царинското работење. Исто така, се разговараше и за теми од заедничкиот твининг проект: „Подобрување на наплатата на приходите, даночната и царинската политика“, каде вработените на Царинската управа имаат можност да добијат помош од експертите од Хрватска и Австрија, при спроведување на активностите за развој согласно Акциониот план.
Директорите на двете царински служби разменија искуства за активности поврзани со модернизација на најфреквентните гранични премини и внатрешни царински терминали, во насока на олеснување на трговијата, како и за методи за подобрување на капацитетите и организацијата на службата. Стана збор и за тековните проекти кои Царинската управа ги имплементира, со цел поедноставување на царинските постапки, подобрување на капацитетите за царинска контрола и контрола по царинење, намалување на времето на чекање на границите за економските оператори, како и за меѓуинституционална размена на податоци на меѓународно и национално ниво.
На денешната средба беше истакнато долгогодишното стратешкото партнерство помеѓу двете институции, со што се потврдија заложбите за идна соработка, преку примена на најдобрите практики во функција на приближување на Царинската управа кон царините од земјите-членки на Европската унија.