Царинската управа Ве известува дека, Уверенијата за посетена претходна обука за лиценцирани застапници, одржана од 13-16.09.2022 година се изготвени.
Сите кандидати кои ја посетуваа оваа претходна обука потребно е лично (со документ за идентификација) да дојдат во просториите на Царинска управа на адреса „Лазар Личеноски“ број 13 Скопје (стара зграда) на први спрат во Одделението за царински и даночни постапки, соба број 8 секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, за да ги подигнат Уверенијата, започнувајќи од денеска 21.09.2022 до 30.09.2022 година.
Доколку некои од кандидатите не се во можност (од било која причина) да дојдат лично и да го подигнат Уверението за посетена претходна обука, во тој случај Уверението може во нивно име да ги подигне било кое лице од нив ангажирано, кое лице задолжително мора да се легитимира со лична карта.
Ако и на ваков начин кандидатите не ќе можат да ги подигнат своите Уверенија, тогаш Царинска управа истите ќе им ги доставени на домашна адреса наведена во пријавата.
Кандидатите кои нема да можат да ги подигнат Уверенијата на претходните два начина односно сакаат Уверенијата да им бидат доставени по пошта на домашна адреса, должни се со електронска порака да го известат одговорното лице за стручни и административни работи, Весна Петреска на следнава е-меил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.