Денес во Царинската управа се одржа работна средба помеѓу директорката Славица Кутиров и гувернерката на Народна банка на Република Северна Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска.

На средбата се разговараше за тековната соработка меѓу двете институции, со акцент и на електронското поврзување на системите на Народна банка и Царинската управа во делот на акцизни марки, како и за новините коишто се планирани да се воведат од страна на Царинската управа, со акцент на воведување на системот за следење на тутунски добра Track&Trace.

Од двете страни беше изразено задоволство од придобивките од досегашната успешна соработка, како и подготвеност за продолжување на дијалогот за надминување на потенцијалните предизвици со кои се соочуваат двете институции и понатамошно спроведување на активности од заеднички интерес.

   

 

221092022dfsvcxv4545
1210920224545dfsfd
3210920224545dsdf
naslov210920222dgerre454
Previous Next Play Pause
1 2 3 4