Денес во Царинската управа се одржа протоколарна средба со Џесика Багвел, програмски менаџер на програмата EXBS за Западен Балкан, која деновиве е во посета на нашата земја.

На средбата беше истакната долгогодишната соработка на Царинската управа со Амбасадата на САД во Скопје, преку заедничка реализација на повеќе активности и проекти. Преку Програмата EXBS се реализирани бројни обуки и донации на опрема од страна на Aмбасадата на САД, со што за Царинската управа е обезбедена оперативна опрема која се користи во секојдневното работење на царинските службеници. Со оваа опрема се спречени голем број обиди за нелегални активности, што дирекно влијае на олеснување на меѓународната трговија и одржување на безбедноста на границите.

Директорката Кутиров ги претстави новите проектите за развој на Царинската управа и понатамошна дигитализација во царинското работење, кои се насочени кон подобрување на услугите за економските оператори и поддршка на легалната трговија, како и подобрување на царинските контроли, со цел заштита на финансиските интереси и зачувување на безбедноста на граѓаните.

Програмскиот менаџер Џесика Багвел изрази задоволство од досегашната соработка, и истакна дека Aмбасадата на САД преку Програмата ЕXBS продолжува со поддршка преку нови обуки за царинските службеници и ќе се разгледаат потребите на Царинската управа за предстојните проекти за понатамошен развој во делот на подобрување на капацитетите за ефикасни царински контроли.

    

   

121092022jksjdkasds2
221092022sdfsdfs1455
naslov2109202245456
Previous Next Play Pause
1 2 3