Директорката на Царинската управа Славица Кутиров и заменик директорот Муарем Асани, на покана на Шефот на Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје, амбасадорот Клеменс Која и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес присуствуваа на настан „Северна Македонија и ОБСЕ: 30 години партнерство“.

На свечениот настан, амбасадорот и министерот дадоа краток осврт на придонесот на ОБСЕ за Република Северна Македонија во последните 30 години, како и за приоритетитеи претстојните активности на државата како иден претседавач со организацијата во 2023 година. Царинската управа упатува честитки до Mисијата за успешната и посветена работата во изминатите 30 години во насока на зајакнување на владеењето на правото, унапредување на меѓуетничките односи, доброто владеење, и поддршката во процесот на судските реформи. За Царинската управа, од голема важност е добрата соработка и поддршката во изминатиот период од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во насока на надградба на капацитетите на царинските службеници вработените во областа на борбата против прекуграничниот криминал.

11150920224541875d
21509202245454512245
315092022454545d
Previous Next Play Pause
1 2 3