Денес директорката на Царинската управа Славица Кутиров и заменик директорот Муарем Асани, присуствуваа на свеченост по повод одбележување на 18 години од постоењето на Сојуз на Стопански комори на Македонија. Гости на настанот беа Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, како и претставници од повеќе министерства, државни институции и бизнис заедницата.
На свечениот настан, во знак на долгогодишната поддршка и блиска соработка, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски, на Царинската управа и додели Признание за успешна соработка.
Царинската управа упатува срдечни честитки до членовите на Сојузот на стопански комори и желби за успех во сите тековни и идни проекти. И во иднина ќе продолжиме заеднички, посветено да придонесуваме за унапредување на овој модел на институционална соработка и со меѓусебна поддршка во сите сфери на зедничко дејствување.