Вчера директорката на Царинската управа Славица Кутиров, присуствуваше на настан на кој во електропечката на Макстил - Скопје, со палење беа уништени околу 10 тони различни видови наркотични дроги, одземени до август 2022 година, по основ на правосилни судски одлуки донесени по завршени кривични постапки, како и врз основа на судски решениja за нивно ништење.

Станува збор за уништени повеќе од 8,2 тона марихуана, потоа околу 100 кг хероин, хашиш, кокаин, над 1000 растенија, семки од канабис, како и 1,2 милиони парчиња психотропни супстанци, што претставува најголемо уништено количество запленета дрога досега, која на црниот пазар би достигнала вкупна вредност од 26 милиони евра.

Настанот беше реализиран од страна на Министерство за внатрешни работи, Државната комисија за уништување на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и Агенцијата за управување со одземен имот.

   

 

313092022jkjjjjh
1130920224545
2130920225486
51309202276767
413092022554545
613092022767656
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6