Царинската управа ве известува дека во период од 03.10.2022 до 14.10.2022 година, можете да ги поднесувате и доставувате вашите Барања за полагање на прв дел (теоретски дел) од стучен испит за лиценциран застапник, во архивата на Царинска управа на адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-OБ.04.02, кој можете да го најдете на link.

I.Кандидатите кои ја имаат посетено претходната обука и по прв пат поднесуваат барање за полагање на прв дел (теоретски) од стручниот испит за лиценциран застапник, задолжително кон барањето треба да ги поднесат следниве документи:

1.Диплома за завршено најмалку средно образование (во оригинал или фотокопија заверена на нотар),

2.Доказ за работно искуство од најмалку една година во областа на царинското работење (во оригинал или фотокопија заверена на нотар). 

3.Сертификат за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор член на здружението ALTE на европски тестатори или уверение од меѓународна институција А1 (А1) ниво на ЦЕФР ((CEFR), односно ФЦЕ, БУЛАТС; или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат (во оригинал или фотокопија заверена на нотар),

4.Уверение за посетена претходна обука за лиценциран застапник (само во фотокопија) и

5.Административна такса од 50 денари и 500 денари за изработка на одлука -Решение за исполнети услови за полагање стручен испит за лиценциран застапник.

II.Право да поднесат пријава и да го полагаат првиот дел од испитот (теоретски дел) имаат и оние кандидати кои во претходните сесии не успеале да го положат испитот во целост. За секое понатамошно полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, согласно Правилникот, се наплаќа надоместок во износ од 6.000,00 денари. Овие кандидати поднесуваат само пријава на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-ОБ.05.02 и уплатница од 6.000,00 денари. Link

Уплатата за сите кандидати се врши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управ ул. „Лазар Личеноски“ број 13,  1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: за административна такса и изработка на одлука за лиценциран застапник.

По завршување на рокот за пријавување, Царинската управа ќе ги разгледа доставените документи и на својата веб страна, ќе објави список на кандидати кои ги исполнуваат условите за да го полагаат испитот.

Полагањето на стручниот испит за лиценциран застапник е закажано за 20.10.2022 година со почеток во 10:00 часот во просториja број 1 на Европскиот универзитет – Скопје кој се наоѓа на бул. „Св.Климент Охридски“ број б8 (на трети кат).

Сите кандидати на денот на денот на полагањето на испитот, со себе да носат и лична карта заради нивна идентификација.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Европски универзитет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:

Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.

Царинската управа ве известува дека дополнителните обуки за пријавените лиценцирани царински застапници ќе се одржат според објавениот распоред во 3 (три) термини и тоа:

-          Термин 1 - од  4.10.2022 до 7.10.2022

-          Термин 2 - од  18.10.2022 до 21.10.2022 и

-          Термин 3 - од   25.10.2022 до 28.10.2022

Учесниците кои треба да ја посетуваат обуката се наведени во следните листи:

Листа 1 на учесници Термин 1 (планиран за 4, 5, 6 и 7 октомври 2022 година од 8,30-12,30 часот)

Листа 2 на учесници Термин 1 (планиран за 4, 5, 6 и 7 октомври 2022 година од 12,30-16,30 часот)

Листа 3 на учесници Термин 2 (планиран за 18, 19, 20 и 21 октомври 2022 година од 8,30-12,30 часот)

Листа 4 на учесници Термин 2 (планиран за 18, 19, 20 и 21 октомври 2022 година од 12,30-16,30 часот)

Листа 5 на учесници Термин 3 (планиран за 25, 26, 27 и 28 октомври 2022година од 8,30-12,30 часот)

Листа 6 на учесници Термин 3 (планиран за 25, 26, 27 и 28 октомври 2022година од 12,30-16,30 часот)

Напоменуваме дека сите учесници ќе бидат контактирани од Одделението за обуки преку електронска пошта (на адресата која е оставена како контакт во Пријавата за дополнителна обука)

Доколку некој од наведената листа не биде контактиран, задолжително треба да се пријави на следната адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Доколку пријавените кандидати не се јават на обука во предвидениот термин, ќе се смета дека се откажале од учеството на обука.

Заради поголема ефикасност на обуките, ги охрабруваме сите пријавени учесници да постават прашања во врска со секојдневното работење. Прашањата може да се достават по електронска пошта на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Царинската управа го задржува правото за измена на предложените термини, за што учесниците ќе бидат навремено известени.

Врз основа на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост  („Службен весник на РМ“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 101/19, 275/19 и 122/21), Законот за процена („Сл. весник на РМ” бр. 115/10, 158/11, 185/11, 64/12, 188/14, 104/15, 153/15, 192/15 и 30/16), Одлуката за давање во закуп објекти на граничните премини за патен сообраќај бр. 41-7697/1 од 06.09.2022 година („Сл. весник на РСМ” бр. 197/22 од 09.09.2022 година), донесена од Владата на Република Северна Македонија

Царинската управа Ве известува дека, Уверенијата за посетена претходна обука за лиценцирани застапници, одржана од 13-16.09.2022 година  се изготвени.

Денес во Царинската управа се одржа работна средба помеѓу директорката Славица Кутиров и гувернерката на Народна банка на Република Северна Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска.

Денес во Царинската управа се одржа протоколарна средба со Џесика Багвел, програмски менаџер на програмата EXBS за Западен Балкан, која деновиве е во посета на нашата земја.

Денес во просториите на Клуб на пратеници, Царинската управа организираше настан на кој тимот од експерти од Царинската управа, предводен од директорката Славица Кутиров, на бизнис заедницата и ги претстави поволностите кои преку новите системи и функционалности, во процесот на дигитализација, се воведуваат во царинското работење за поддршка на конкурентноста на домашните компании. На настанот присуствуваа околу сто претставници од економските оператори и стопанските комори во државата. Поздравно обраќање имаше министерот за финансии Фатмир Бесими, кој го истакна значењето на заедничките активности на Министерството за финансии и Царинската управа.

Директорката на Царинската управа Славица Кутиров и заменик директорот Муарем Асани, на покана на Шефот на Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје, амбасадорот Клеменс Која и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес присуствуваа на настан „Северна Македонија и ОБСЕ: 30 години партнерство“.

Денес директорката на Царинската управа Славица Кутиров и заменик директорот Муарем Асани, присуствуваа на свеченост по повод одбележување на 18 години од постоењето на Сојуз на Стопански комори на Македонија. Гости на настанот беа Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, како и претставници од повеќе министерства, државни институции и бизнис заедницата.

Вчера директорката на Царинската управа Славица Кутиров, присуствуваше на настан на кој во електропечката на Макстил - Скопје, со палење беа уништени околу 10 тони различни видови наркотични дроги, одземени до август 2022 година, по основ на правосилни судски одлуки донесени по завршени кривични постапки, како и врз основа на судски решениja за нивно ништење.

Станува збор за уништени повеќе од 8,2 тона марихуана, потоа околу 100 кг хероин, хашиш, кокаин, над 1000 растенија, семки од канабис, како и 1,2 милиони парчиња психотропни супстанци, што претставува најголемо уништено количество запленета дрога досега, која на црниот пазар би достигнала вкупна вредност од 26 милиони евра.

Настанот беше реализиран од страна на Министерство за внатрешни работи, Државната комисија за уништување на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и Агенцијата за управување со одземен имот.

   

 

313092022jkjjjjh
1130920224545
2130920225486
51309202276767
413092022554545
613092022767656
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6