Почитувани,

Царинската управа организира дополнителна обука за лиценциран застапник согласно член 33 од Законот за застапување во царинските постапки („Службен весник на РМ бр. 180/14,154/15, 192/15 и 23/16 и Службен весник на РСМ бр. 110/21“).

Согласно член 6 став (2) од Правилникот за програмата за спроведување на претходната обука за лиценциран застапник, висината на надоместоците за полагање на стручниот испит и за посетување на претходна обука за лиценциран застапник, програмата за полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот, формата и содржината на уверението за положен стручен испит за лиценциран застапник, програмата за спроведување на дополнителната обука за лиценциран застапник и висината на надоместокот за посетување на дополнителната обука за лиценциран застапник, учесниците на дополнителната обука потребно е да уплатат надомест во износ од 4.500,00 денари.

Уплатата може да се изврши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа
Лазар Личеноски 13, 1000 Скопје
Банка на примач: НБРМ
Сметка: 100-0000000630-95
Сметка на буџетски корисник: 090030017578714
Приходна шифра и програма: 725939 20

ЕДБ: МК 4030992228017
Цел на дознака: Посета на дополнителна обука во термин (да се наведе име и презиме на слушателот и термин на обука наведен во распоредот подолу)

Сите лиценцирани застапници кои планираат да ја посетуваат дополнителната обука потребно е да достават ПРИЈАВА за посета на дополнителната обука и доказ за уплатени средства во архивите на: Царинската управа и царинарниците Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово.

Рок за доставување на пријавите: до 20. 9.2022 година

 

Дополнителната обука ќе се одржи онлајн и според следната

ПРОГРАМА.

Распоред на одржување на дополнителните обуки:

 

Датум Термин
4, 5, 6 и 7 октомври 2022 година1          
18, 19, 20 и 21 октомври 2022 година2          
25, 26, 27 и 28 октомври 2022 година3          

 

Покрај поднесената пријава, застапниците во царинските постапки потребно е да се регистрираат и онлајн. Линковите за регистрација претставуваат линкови за тестен повик кој ќе се реализира во наведениот термин. На пријавените лиценцирани царински застапници ќе им бидат доставени дополнителни информации и насоки за следење на обуките. Пријавувањето може да се направи на следните линкови:

-          За Термин 1 (47.10. 2022 година), тестниот повик ќе се одржи на 3.10.2022 година (понеделник) со почеток во 11,00 часот и за истиот можете да се пријавите на  следниот ЛИНК

-          За Термин 2 (18 – 21.10. 2022 година) тестниот повик ќе се одржи на 17.10.2022 година (понеделник) со почеток во 11,00 часот и за истиот можете да се пријавите на  следниот ЛИНК

-        За Термин 3 (25 – 28.10. 2022 година) тестниот повик ќе се одржи на 21.10.2022 година (петок) со почеток во 11,00 часот и за истиот можете да се пријавите на  следниот ЛИНК

 

Листата на застапници кои ќе земат учество на обуките според распоредот на одржување ќе биде дополнително објавена на интернет страната по завршувањето на рокот за пријавување.

Царинската управа го задржува правото за измена на датумите и начинот на спроведување на обуката, доколку за истото се појави потреба.

Со цел подготовка на обуките согласно Програмата за дополнителна обука за лиценцираните застапници, но и прилагодување на обуките спрема потребите на слушателите, прашањата кои може да се дискутираат на обуките може да ги доставите на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Согласно динамиката на пријавување на слушателите Царинската управа, во случај на потреба, ќе објави и доплнителни термини на обуките на интернет страната.