ТАРИМ модулот, Квота модулот и ЗТИ модулот се во оперативна примена и на веб страницата може да се пристапи до модулите со достапност на податоците наменети за надворешни корисници.

Со кликнување на стартувај на линкот за пристап на ИТО надворешните корисници имаат пристап до консултацискиот и калкулацискиот модул на ТАРИМ. Пред поднесување на царинската декларација во СОЦДАД се препорачува користење на консултацискиот и калкулацискиот модул на ТАРИМ за точно да се утврдат тарифните и нетарифните мерки и нивната примена и да се направи пресметка на увозните и другите давачки како и да се провери примената на мерките на трговската политика. Со ваквиот пристап ќе се направи проверка на точноста на примената на тарифните и нетарифните мерки и калкулацијата на увозните и другите давачки во постапката на увоз/извоз.

На овој линк имате пристап до:


Корисничко упатство за модулот за пресметки

Корисничко упатство за модулот за модулот за десиминација


Техничка спецификација за пристап кон ИТО web сервисот


Прирачник за ТАРИМ