Регистрација во системот

За добивање на кориснички привилегии во ASYCUDA системот потребно е до архивата на Царинската управа да се поднесе следново барање

Барање за кориснички имиња во системите на Царинска управа

 

Е- регистрација во системот

Со зголемување на бројот на електронски апликации во Царинската управа наменети за економските оператори, се зголемува и бројот на корисници на истите.  Заради поедноставување на процедурата за добивање на пристап кон електронските системи воведовме единствен образец, со кој идните корисници ќе можат да добијат пристап кон еден или повеќе електронски системи. Од една страна ќе се упрости процедурата за пристап на економските оператори, а од друга страна ќе се зголеми ефикасноста во поглед на менаџирање на човечките ресурси  во Царинската управа кои работат на оваа проблематика и во другите служби кои работат на проследување на документите или нивно архивирање.
 
Со употреба на оваа постапка се предвидува електронско поднесување на барање потпишано со валиден дигитален сертификат  за пристап кон електронските системи на Царинската управа. Целата постапката завршува во моментот на доставување на барањето кај одговорното лице во Царинската управа за обработка на барањето.
  
За да поднесе електронско барање за пристап потребно е економскиот оператор да поседува валиден дигитален сертификат издаден од квалификуван издавач на сертификати во Република Македонија со одобрение од Министерството за информатилко општество и администрација, односно од КИБС или МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ. Барањата потпишани со други дигитални сертификати се сметаат за невалидни.

Електронско барање за кориснички имиња во системите на Царинска управа