Фитосанитарна

При увоз на растенија, цвеќиња, овошје и зеленчук во царинското подрачје на Република Македонија, задолжително да се поседува одобрение издадено од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - фитосанитарна управа.

Согласно Законот за производи за заштита на растенија, Фитосанитарната управа издава одобрение за увоз на производи за заштита на растенијата со кое се потврдува дека производите се здрави и необолени. Покрај потребното одобрение, овие производи задолжително подлежат на преглед од страна на фитосанитарен инспектор.