Храна е секоја супстанција или производ, во преработена, делумно преработена или непреработена состојба, наменет да биде или се очекува да биде консумирана за исхрана на луѓе.
Со поимот храна се опфатени: пијалаци, гуми за џвакање и сите супстанции, вклучувајќи ја водата, намерно вградени во храната во текот на нејзиното производство, подготвување или преработка, вклучувајќи ја и водата согласно со прописите за безбедност и квалитетот на водата за пиење.
Ветеринарната контрола се врши со цел заштита на животните и луѓето од болести кои се пренесуваат преку животни, производи, нуспроизводи од животинско потекло и предмети, активности против заразните болести кај животните, вклучувајќи зоонози, работата на Ветеринарната комора и други прашања од значење за ветеринарната дејност.
Безбедност на храна
Законски основ:
- Закон за безбедност на храна
Со овој закон се уредуваат основните начела за безбедност на храна и храна за животни, општите и посебните хигиенски барања за храната, организационите структури на системот на безбедност на храна и официјални контроли на храна и храна за животни.
Согласно Законот за безбедност на храна Агенцијата за храна и ветеринарство издава:
- Согласност/Решение за пратка со храна, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната и
- Ветеринарен влезен документ за производи од животинско потекло (ВВД)
Ветеринарна контрола
Законски основ:
- Закон за ветеринарно здравство
- Закон за нуспроизводи од животинско потекло
- Закон за ветеринарно-медицински препарати
Согласно горенаведените законски прописи Агенцијата за храна и ветеринарство ги издава следните документи:
- ВВД за живи животни (шифра N640 од кодот на лиценци од ЕХIM) и / или
- ВВД за производи и нуспроизводи од животинско потекло ( шифра N853 од кодот на лиценци од ЕХIМ)
- Документот за ветеринарна проверка за добиточна храна и производи за исхрана на животни ( шифра I 047 од кодот на лиценци од ЕХIМ)
- Одобрение за увоз на ветеринарно медицински препарати ( шифра I 046 од кодот на лиценци од ЕХIМ
Домашни миленици
Законски основ:
- Закон за ветеринарно здравство
- Правилник за начинот и постапките за увоз и транзит и за начинот на постапките за вршење на проверки и преглед на пратки домашни миленици од видовите кои не се наменети за трговија или пренос на други лица и се придружени од сопственикот или одговорното лице, како и формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат и формата и содржината на пасошот
- Правилник за начинот и постапките за увоз и транзит и начинот на постапките за вршење на проверки и преглед на пратки домашни миленици од видовите птици кои не се наменети за трговија или пренос на други лица и се придружени од сопственикот или одговорното лице, како и формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат и формата и формата или друг документ што ги придружува.
Преглед и проверка на пратките домашни миленици вршат:
- При транзит, надлежните царински службеници на влезните царински испостави,
- При увоз, надлежните ветеринарни инспектори на граничние премини
При транзит надлежниот царински службеник е должен да врши проверка на:
- Ветеринарно здравствен сертификат издаден од официјален ветеринар од земјата на испорака
- Пасош издаден од официјален ветеринар од земјата на испорака, кој е задолжителен за сите видови кучиња, мачиња и ласици,
- Изјава, издадена од сопственикот или овластеното лице, која е задолжиелна за сите видови птици
При увозна постапка надлежниот царински службеник ќе го одобри увозот доколку ветеринарниот инспектор на граничниот премин ќе издаде Ветеринарен влезен документ (ВВД).