Главна задача на царинската лабораторија е спроведување на анализи за идентификација на мостри земени од страна на царинските службеници и издавање на мислење за тарифна класификација за анализираните мостри, во согласност со Хармонизираниот систем и Комбинираната номенклатура.

Со развојот на Царинската лабораторија сé повеќе се менува и нејзината основна функција. Имено, од првичното вршење на анализи со цел правилно утврдување и наплата на царината и другите увозни давачки, сé поактуелна е заштита на животната средина, здравјето и безбедноста на граѓаните преку откривање на стоки чиј увоз е ограничен или забранет.

Лабораториски простор и опрема

Царинската лабораторија располага со две инструментални лаборатории и една припремна лабораторија.

Инструменти и помошна опрема

    • Хроматографски инструменти:
      • Гасен хроматограф со пламен јонизирачки детектор (GC/FID)
      • Гасен хроматограф со масен детектор (GC/MS)
      • Течен хроматограф (HPLC)
    • Спектроскопски инструменти:
      • Браново дисперзионен x-ray флуоресцентен спектрофотометар (WDXRF)
      • Индуктивна плазма (ICP)
      • Фуриер трнсформ инфрацрвена спектроскопија (FT-IR)
      • Ултравиолетова спектроскопија (UV-VIS)
    • Други инструменти:
      • Soxlet- за екстракција
      • Soxterm за хидролиза
      • Kjeldahl- за одредување на азот и протеини
      • инструмент за дестилација
      • инструмент за густина
      • микроскоп
      • рефрактометар
      • тензиометар итн.

Типови на анализи што се вршат во царинската лабораторија

      • Масла за подмачкување(глава 27 vs. глава 34):
        • дестилација,
        • густина,
        • FTIR метода
      • Нафтени деривати - горива:
        • Содржина на сулфур,
        • FTIR метода,
        • Одредување на Solvent Yellow 124 во гасни масла
      • Млечни производи:
        • Одредување на вкупни масти,
        • Одредување на млечни масти,
        • Идентификација на замени за млечните масти и масла,
        • киселински број,
        • слободни масни киселини,
        • јоден број
      • Други мостри:
        • Содржина на шеќер во производи од шеќер,
        • Содржина на шеќер во какао и какао производи,
        • Идентификација пластични маси,
        • Хлориди во форма на натриум хлорид кај производи од овошје и зеленчук,
        • Јодати во сол за човечка исхрана,
        • ПАМ-површински напон,
        • Текстилни материјали – идентификација

Аналитички методи кои се употребуваат во царинската лабораторија

        • Eнзимско определување на скроб и продукти на негова деградација, во прехранбени производи,
        • Дестилација на нафтени производи на атмосферски притисок,
        • Определување на:
          • Еуромаркер (Solvent Yellow 124) во гасни масла и керозин,
          • киселинската вредност и содржината на слободни масни киселини,
          • сулфур во нафтени производи со помош на флуоресцентна спектрометрија со Х-зраци,
          • содржина на протеини,
          • теобромин во производи што содржат какао со високо ефикасна течна хроматографија,
          • јоден број,
          • колориметриска пепел во шеќер,
          • хлориди во зеленчук,
          • испарливи киселини,
          • површински напон на течност,
          • содржина на алкохол во пиво,
          • содржина на хлориди во замрзнати и солени пилешки гради,
          • содржина на шеќери во прехранбени производи,
          • содржина на метали,
          • содржина на млечни маснотии,
          • содржина на фосфор во детергенти,
          • концентрација на боја и маркер со ултравиолетов спектрофотометар,
          • содржина на јодати во сол и
        • Одредување на проценти на злато во легури на злато (накит) со метод на абразивна плоча со каратни игли.

Придружни документи