Гасните масла од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00, и 2710 20 19 00 и керозинот од тарифната ознака 2710 19 21 00и2710 19 25 00, кои се употребуваат како горива за греење се обележуваат со пропишана боја и/или други состојки. Обележувањето на минералните масла се врши исклучиво во акцизен склад кој поседува дозвола за обележување, добиена од надлежниот орган.
Минералните масла кои се увезуваат на акцизната територија мора да ги содржат материите за обележување во количини пропишани со членот 30 ставот 4 од Правилникот за спровдеување на законот за акцизите. Увозникот е должен да достави потврда од странски даночен или царински орган, односно од производителот или овластен обележувач, дека истото е обележано надвор од акцизната територија и дека ги содржи материите за обележување во количини што се пропишани врз основа на овој закон. Ако потврдата не се поднесе или ако таа не е соодветен доказ, се смета дека минералното масло не е обележано.
Складирањето на минералните масла треба да се врши на начин кој ја оневозможува неутрализацијата на бојата и/или другите состојки под влијание на други материи.
Гасните масла кои се употребуваат како гориво за греење се обележуваат со средство за обележување со црвена боја и други состојки кои можат да се утврдат само со хемиски тест.
Керозинот кој се употребува како гориво за греење се обележува со средство за обележување со зелена боја и други состојки кои можат да се утврдат само со хемиски тест.
Направите за обележување треба да бидат пред нивното инсталирање во акцизниот склад технички прегледани и да поседуваат одобрение од надлежниот орган за стандардизација и метрологија, а по потреба и да се пломбираат.
Средството за обележување се состои од:
- 5 gr. N-Ethyl-1-(4-phenylazophenylazo)-naphtyl-2-amin или
- 6,5 gr. N-Ethylhexyl-1-(tolylazotolylazo)naphtyl-2-amin или
- 7,4 gr. N-Tridecyl-1-(tolylazotolylazo)naphtyl-2-amin или мешавина од овие материи со слично дејство на бојосување, рамномерно растворени во 1.000 кг. минерално масло и
- C.I. Solvent Yellow 124 (N-Ethyl-N-[2-(1-isobutoxyethoxy) ethyl]-4-(phenylazoaniline) во количество не помало од 6,0 mg/l минерално масло, а не поголемо од 9,0 mg/l минерално масло.
Користење на обележени минерални масла
Минералните масла кои содржат материи за обележување пропишани со Законот за акцизите, не смеат да се трошат и користат како погонско гориво.
На минералните масла кои содржат материи за обележување не е дозволено да се отстрани средството за обележување, да се намали неговата концентрација или да се додаваат состојки кои ќе оневозможат утврдување на обележувањето.
Минералните масла кои содржат материи за обележување не е дозволено да се користат за погон на моторни возила или за други намени освен како гориво за греење.
Ако при надзор на моторни возила се утврди дека се користат минералните масла кои содржат материи за обележување, на сопственикот на моторното возило или на лицето кое го управува моторното возило, акцизата се пресметува на количествата кои одговараат на зафатнината на резервоарот за погонско гориво зголемена за сто пати.
Лицето кое го управува моторното возило е солидарно одговорно за плаќање на пресметаната акциза со сопственикот на тоа моторно возило, ако сопственикот знаел или морал да знае дека во моторното возило ќе се користат минерални масла кои содржат материи за обележување.
Трговија со минерални масла
Секое лице кое врши дејност трговија со минерални масла, мора да обезбеди:
- минералните масла кои се користат како погонско гориво да не содржат материи за обележување од член 30 на Законот за акцизите, и
- минерални масла кои содржат материи за обележување да не се точат спротивно на намената од член 31 став (1) на Законот за акцизите.
Лицата кои вршат дејност трговија со минерални масла кои содржат материи за обележување потребно е да се регистрирани од страна на Царинската управа.
Лице кое врши дејност трговија на мало со минерални масла е должно да воспостави GPRS терминал и да обезбеди комуникација и пренос на податоците за трговијата со мине-рални масла кои содржат материи за обележување на дневна основа до сервер во Царинската управа. Мобилните оператори обезбедуваат VPN (Virtualprivatenetwork) кон лицата кои вршат дејност трговија со минерални масла и серверот во Царинската управа, постојаност на мрежата и сигурност на податоците кои се пренесуваат преку нивната мрежа од GPRSтерминалот на лицата кои вршат дејност трговија со минерални масла и Царинската управа.
Лицето кое врши дејност трговија на мало со минерални масла кои содржат материи за обележување потребно е да води евиденција на купувачите по даночен број за правните лица и единствен матичен број на граѓанинот и адреса на живеење за физичките лица кои купуваат количини над 20 литри.
Регистрација на трговци со минерални масла кои содржат материи за обележување
Лицата кои вршат дејност трговија на мало со минерални масла кои содржат материи за обележување поднесуваат барање за регистрација до Царинска управа.
Кон барањето лицето ги доставува следните документи:
- податоци за барателот и тоа:
- назив, седиште, адреса на барателот и единствениот даночен број (ЕДБ) и
- тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија.
- податоци за локациите на објектите каде ќе се извршува дејноста трговија со минерални масла кои содржат материи за обележување со бројот на продажни места за точење на секоја локација и
- вид и тарифни ознаки на минерални масла кои содржат материи за обележување.
Начин на комуникација и пренос на податоците за трговијата со минерални масла кои содржат материи за обележување
Регистрираните лица кои вршат дејност трговија со минерални масла кои содржат материи за обележување преку GPRS уред обезбедуваат комуникација и пренос на податоци со серверот на Царинската управа.
GPRS уредите треба да бидат воспоставени на секоја локација каде се точат минерални масла кои содржат средства за обележување.
Размената на податоци од GPRS уредот на трговецот до серверот на Царинската управа се врши преку VPN врска за размена на податоци, обезбедена од мобилните оператори.
Размената на податоци се врши преку XML порака која ги содржи следните податоци:
- единствен даночен број на испраќачот на порака;
- назив на испраќачот;
- адреса на испраќачот;
- датум на изработка на пораката;
- време на изработка на пораката;
- датум за кој се однесуваат податоците;
- број на регистрација со кој испраќачот е регистриран во Царинска управа;
- шифра на бензиска пумпа во рамки на потврдата за регистрација;
- назив на бензиска пумпа;
- адреса на бензиска пумпа;
- датум на продажба;
- време на продажба;
- број на фискална каса/број на сметка од системот за евиденција на продажба на трговецот;
- шифра на артикл;
- опис на артикл;
- количина во литри;
- единечна продажна цена во денари;
- вкупен износ во денари;
- единствен даночен број за правното лице купувач на минерално масло кое содржи материи за обележување;
- име и презиме на физичко лице купувач на минерално масло кое содржи материи за обележување во количина над 20 литри;
- единствен матичен број на граѓанинот за физичко лице купувач на минерално масло кое содржи материи за обележување во количина над 20 литри и
- адреса на физичкото лице купувач на минерално масло кое содржи материи за обележување во количина над 20 литри.
За користење на податоците од алинеите 20, 21 и 22 е неопходна согласност од физичкото лице имател на информациите.
Пораката се испраќа до Царинската управа еднаш дневно, со податоци за претходниот ден.
Барање за регистрација на трговци со минерални масла кои содржат материи за обележување