Анкети
  • Прашалник за дополнителни обуки

      Царинската управа на Република Македонија спроведува анкета чија цел е унапредување на дополнителната обука согласно потребите на царинските застапници.

      Анкетата е анонимна, а добиените резултати ќе послужат за правење анализа на постоечките и планирање на идните програми за обука на Царинската управа, со цел подобрување на услугите што ги дава Управата.

      Царинската управа го задржува правото на користење на податоците, исклучиво и во согласнот со наведената цел на анкетата.

    • Оценка на услугите на Царинската управа

        Царинската управа на Република Македонија спроведува анкетата чија цел е:

        а) оценка на јавноста на услугите што ги дава Царинската управа
        б) оценката од економските оператори, царинските застапници и други корисници на услугите на ЦУ, за работата на Царинска управа во различни видови царински постапки
        в) согледување на досегашната работа на Царинската управа
        г) понатамошниот развој на Царинската управа да биде согласно потребите на корисниците на услуги.

        Пополнувањето на анкетата бара време, но без Вашата соработка не би можело да се реализира истражувањето што го спроведува Царинската управа на Република Македонија. Царинската управа искрено се заблагодарува за одвоеното време и соработката.

        Анкетата е анонимна, а добиените резултати ќе послужат за правење анализа на досегашното и планирање на идното работење на Царинската управа, со цел подобрување на услугите што ги дава Управата.

        Царинската управа го задржува правото на користење на податоците, исклучиво и во согласнот со наведената цел на анкетата.

        Прашалникот се пополнува со знакот „х“ во квадратчето, како и со описно образложение на дадениот одговор, а возможни се повеќе од еден одговор доколку е тоа во согласност со Вашите потреби.

      • Анкета за новата веб страна

          Почитувани посетители,

          Сакајќи да ја зголемиме ефикасноста и транспарентноста во информирање на граѓаните, како и уште повеќе да го промовираме нашето работење и нашите успеси, изработивме нова веб страна на Царинската управа на Република Македонија.

          Имајќи во предвид дека Вашето мислење ние е важно, Ве замолуваме да ја пополните оваа анкета, како во иднина уште повеќе би го подобриле дизајнот на веб страната и информациите кои се објавуваат на истата.