Странска стока која е внесена во царинското подрачје на Република Македонија се до моментот на определување на царинско дозволено постапување или употреба на стока е под царински надзор и има третман на привремено чувана стока во царинската испостава каде била ставена на увид или на друго место кое е определено, одобрено и контролирано од таа царинска испостава.

Вообичаено оваа стока се става во одобрено место за привремено чување, а држателот треба да поднесе гаранција за обезбедување на царинскиот долг кој може да настане.

Доколку привремено чуваната стока треба да се пренесе на друго место, односно до друга царинска испостава, тогаш се користи транзитната постапка.Со завршување на транзитната постапка, стоката останува во привремено чување, се до одредување на друго царински дозволено постапување или употреба на стока (ставање на стока во царинска постапка, внесување на стока во слободна зона или слободен склад, повторен извоз на стока од царинското подрачје, уништување на стока и отстапување на стока во корист на државата).

Привремено чуваната стока може да биде предмет само на форми на ракување кои обезбедуваат одржување на стоката во непроменета состојба, како и да биде прегледана и да бидат земени мостри, но само со одобрение од надлежниот царински орган.

За привремено чуваната стока, односно кога стоката е опфатена со збирна декларација, се одредува царински дозволеното постапување или употреба на стоката во рок од 20 дена од денот на поднесувањето на збирната декларација за привремено чување.

Подолу се актите кои се однесуваат на привремено чување: 

Упатство за простории за привремено чување - Акт на Царинската управа на Република Македонија број 07-5575/1 од 11.05.2006 година (158 KB), 21.06.2006

Известување за привремено чување - Акт на Царинската управа на Република Македонија број 10-728/1 од 21.06.2006 година (122 KB), 21.06.2006

Образец на збирна декларација за привремено чување - (362 KB), 03.06.2015

Со пуштање во слободен промет странската стока добива статус на домашна стока. 

За да се пушти стоката во слободен промет, треба да се применат мерките на трговска политика, да се завршат другите формалности пропишани за увоз на стока и да се платат сите давачки пропишани со царински и други прописи. 

Царинските прописи овозможуваат низа поволности, односно повластени или поедноставени услови за пуштање на стока во слободен промет како на пример повластен тарифен третман во поглед на природата и крајната употреба на стоката.

Стоката се става во постапка на пуштање во слободен промет со поднесување на царинска декларација. Датумот на прифаќање на царинската декларација е датум кој се применува за пресметка на увозните и други давачки (ДДВ, акциза и др.) доколку стоката подлежи на увозни давачки.

Стоката пуштена во слободен промет, може да го изгуби статусот на домашна стока, доколку го напушти царинското подрачје на Република Македонија.

Подолу се актите кои се однесуваат на пуштање на стока во слободен промет:

Упатство за царинење на стока - Акт на Царинската управа на Република Македонија број 07-11784/1 од 25.11.2005 година (479 KB), 03.06.2015
Упатство за поедноставени постапки (2010 KB), 25.11.2015,
Упатство за прием на царинска декларација за извоз пред ставање на стоката на увид (2269 KB), 19.08.2015
Насока за определување на царински испостави за увозно царинење на нафтени деривати (1406 KB), 19.08.2015
Упатство за уништување на стока (9842 KB), 19.08.2015,
Барање за уништување на стока (270 KB), 19.08.2015,

Царински постапки со економски ефект се: 

  • царинско складирање,
  • увоз за облагородување,
  • преработка под царинска контрола,
  • привремен увоз и
  • извоз за облагородување.

Подолу се актите кои се однесуваат на постапки со економски ефект:

Обрасци на барање и одобрение (Прилог 27 од УСЦЗ)
Корисничко упатство за надворешни корисници за користење на електронскиот систем за царински постапки со економски ефект (Е-lohn)

Царинско складирање

Царинското складирање овозможува странската стока да се чува во Република Македонија без да се платат увозни давачки.

Во постапка на царинско складирање се дозволени вообичаени форми на ракување со стоката, претходно одобрени од надлежниот царински орган. Исто така, можно е стоката да се облагородува или преработува под царински надзор во царинскиот склад, со претходно одобрение од надлежниот царински орган.

Упатство за царинско складирање
Иматели на одобренија за царинско складирање

Увоз за облагородување

Увозот за облагородување овозможува увезените репроматеријали или полупроизводи да се облагородуваат (обработуваат, преработуваат, доработуваат или поправаат) за повторен извоз, без да се платат увозни давачки и ДДВ за стоката.

Согласно царинските прописи,можни се два системи на увоз за облагородување:

  • Систем на одложено плаќање и
  • Систем на враќање на увозни давачки

Упатство за увоз за облагородување

Преработка под царинска контрола

Со постапката на преработка под царинска контрола се овозможува употреба на странска стока во царинското подрачје,во операции со кои се менува нејзиниот вид или состојба, без да подлежи на плаќање на увозни давачки или мерки на трговската политика и се овозможува пуштање во слободен промет на производи коишто се резултат на такви операции со плаќање увозни давачки кои одговараат за тие производи. Таквите производи се нарекуваат преработени производи. 

Привремен увоз

Со постапката на привремен увоз се овозможува употреба на странска стока во царинското подрачје, со целосно или делумно ослободување од плаќање на увозни давачки и без примена на мерки на  трговска политика, ако истата е наменета за повторен извоз во непроменета состојба, освен вообичаеното намалување на вредноста заради нејзината употреба. 

Стоката може да се декларира за привремен увоз со:

  • Царинска декларација во писмена или електронска форма
  • Усна царинска декларација (за одредена стока), кон која на барање на царинскиот орган се приложува спецификација на стоката,
  • На друг начин (на пример со конклудентно дејство)

Упатство за привремен увоз

Извоз за облагородување

Со постапката на извоз за облагородување, се одобрува домашна стока привремено да се извезе од царинското подрачје за да се подложи на операции на облагородување, а производите добиени од таквите операции да бидат пуштени во слободен промет со целосно или делумно ослободување од плаќање на увозните давачки. 

Упатство за извоз за облагородување